February 26, 2021 20:06
Македонија

„Зошто на јазици, балет, музика да одат само деца на родители кои може да платат – системот во иднина ќе го дозволи тоа за сите“, рече Царовска

Министерката за образование Мила Царовска вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека според новиот образовен систем и воннаставни активности ќе бидат дел од содржината на училиштата, и со тоа децата ќе бидат мотивирани да одат во училиште.

Најпрво министерката објасни како ќе оди прилагодувањето на наставниците во новиот систем.

„Дел од наставниците ќе се прилагодат, дел од нив ќе им треба поддршка, дел од нив ќе имаат поддршка од менторите во училиштата, ќе се обидеме секој наставник да направиме да одговори на потребите на системот. Јас сум сигурна дека треба да тргнеме во имплементација, и сите ќе видат дека овој систем е подобар, ќе минат повеќе време во училиште, затоа што ќе биде место во кое ќе бидат изложени на позитивно влијание“, вели Царовска и додаде:

„Сега имаме родители само кои имаат можност ги водат децата на јазик, музика, театарски вештини. Зошто само тие што може да платат. Ќе направиме тоа да биде достапно за секој. Кога може системот да обезбеди два часа плус, да може и овие воннаставни активности да бидат дел од содржината на училиштата. На тој начин ученикот ќе сака да оди во училиште.“, рече Царовска.

Watch Attack on Titan Season 3 Part 2 (Dub) Episode 4 (https://crunchyrollfree.com/m/ya5b/ep-4) at website https://crunchyrollfree.com crunchyroll free

I'm standing on 1,000,000 lives. (Dub) (https://animeheaven.pro/m/ODNq) Episode 11 at website https://animeheaven.pro. See more animeheaven hunter x hunter