December 6, 2022 21:43
Македонија

Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

ВМРО-ДПМНЕ и во време на енергетската криза, исто како и во време на пандемијата со коронавирусот се однесуваат неодговорно и себично, со разни блокади и опструкции работат на штета на граѓаните.
Наместо со фабрикувани лаги и клевети да го напаѓаат претседателот на СДСМ и премер, Димитар Ковачевски, во обид да го прикријат фактот дека се фатени во криминал со нивните зделки во тендер од 136 милиони евра, од ВМРО-ДПМНЕ требаше да го повикаат својот лидер Мицкоски во време на криза струјата што ја произведува и продава од хидроцентралите, бесплатно да им ја отстапи на граѓаните.

Но, очигледно е дека Мицкоски е против тоа, очигледно е дека повеќе сака да ги полни своите џебови отколку да им помага на граѓаните.

Во време на светска економска и енергетска криза, но и години претходно, Мицкоски си го полнел џебот продавајќи електрична енергија од своите хидроцентрали.

Ако е загрижен за струјата и стандардот на граѓаните, Мицкоски ќе ја отстапи бесплатно струјата од своите хидроцентрали за граѓаните.