January 26, 2021 10:05
Свет

Зошто вредноста на биткоинот порасна 700 проценти од почетокот на пандемијата

Вредноста на дигиталната валута биткоин расте, а во првата седмица од јануари за првпат достигна повеќе од 40.000 американски долари, удвојувајќи се за помалку од месец дена. Цената на биткоинот скокна за повеќе од 700 отсто откако пандемијата првпат е прогласена во март 2020 година, од почетните вредности од околу 5.000 долари.

За ваквото нагло растење на вредноста на првата криптовалута секако придонесе и ризикот од економскиот крах предизвикан од пандемијата на ковид-19 кога владите ширум светот го преплавија глобалниот пазар со пари од централните банки за да ја зголемат потрошувачката и да помогнат во спасувањето на економијата.

Но зголеменото количество пари ја смалува неговата вредност и ги тера луѓето да бараат типови имот кој е отпорен на инфлација. Во ваква клима, биткоинот стана заштита од надојдената инфлација и лошите прогнози за другите имотни вредности, објаснува магазинот Манивеб.

Исто така, дополнителна причина, како што пишува Блумберг, е што го поседуваат релативно мал број луѓе – околу два отсто од сметките контролираат 95 отсто од севкупната понуда на биткоини. Ако со нив се тргува кога количеството е мало, промените во цените ќе се зголемат. Како и пазарната структура на криптовалутата која се состои од стотина неповрзани берзи кои всушност се како независни острови на ликвидност.

Зголемената побараувачка на институционални, корпоративни и неодамна малопродажни инвеститори за дигитални валути го поттикнаа порастот на биткоините на самиот почеток на 2021 година. Побарувачката ја зголеми можноста за брз приход во светот во кој моментално владеат ултра ниски приноси и негативни каматни стапки, пишува агенцијата Ројтерс.

Меѓутоа, како што предупредуваат економските експерти, би можело да дојде до нови корекции на вредноста на криптовалутата. „Иако натамошниот раст е неизбежен, инвеститорите не би требало да очекуваат дека искачувањето ќе биде праволиниско“, рече Гавин Смит, извршен директор на козорциумот за криптовалути, на Панксор Групата, пренесува Ројтерс.

Прочитајте и…  Гости нападнале келнер на роденденска забава во игротека во Куманово, бидејќи предупредил за непочитување на протоколи

“Реалноста е дека биткоинот е далеку од тоа да биде „магично стебло на пари“, ниту дека е ослободен од падови во вредноста. Всушност можеме да очекуваме падови дури од 25 отсто во моментите кога инвеститорите повремено ја повлекуваат стекнатата добивка“, додава Смит.

Што е биткоин?

Биткоинот е дигитална валута, создадена и чувана електронски, не се печати во вид на банкноти и неговиот пазар е дигитализиран, што е најчеста карактеристика за круптовалутите. Се произведува со помош на компјутери ширум светот користејќи софтвер кој решава математички проблеми.

Пазарот на криптовалути е релативно ново со биткоинот која настана пред 12 години како идеја на софтвер девелоперот Сатоши Накамото – создавање на валута без централна власт, со електронски пренос, со многу мали или никакви трошоци на трансакциите.

Биткоинот првпат е лансиран во 2009 година како криптовалута и некое време е користен како дигитални пари на маргините на економските текови. Од тогаш стана мејнстрим валута, а денеска е речиси како „дигитално злато“, што значи редок дигитален извор на имот.

Интелектуалното и идеолошкото потекло на биткоинот потекнува од сајберпанк движењето од 1990-тите и почетокот на 2000 години, на кое се гледаше како на анти-естаблишмент, анархистички проект насочен кон рушење на модерниот капитализам, додека денеска купувачите на биткоинот се самите столбови на финансиската елита на Волстрит.

Британски Гардијан пишува дека биткоинот на почетокот на 2017 година се вивна нешто под 1.000 долари за во рок од 12 месеци да се приближи до вредноста од 20.000 долари, а потоа падна на околу 3.000 долари во рок од неколку седмици од почетокот на 2018 година. Тогаш повеќето мејнстрим инвеститори, централни банкари и финансиери го отпишаа како опасен, анонимен инструмент за измамници и терористи.

Според Гред Бан, директорот за стратегии за компанијата за дигитален имот Крос Тауер, пазарот од инфраструктурана гледна точка е фрагментиран. Многу платформи поседуваат под различни стандарди и со „поинаква филозофија“; рече Бин, објавува Блумберг.

Биткоинот се копа со помош на компјутери т.е. со користење на процесорско време и дистрибуција во биткоин мрежата, со помош на математички формули за производство на биткоини која им е достапна на сите зошто е напишана со ОпенСорс код, односно отворен софтвер.

Мрежата исто така процесира трансакции направени со помош на биткоини, што резултира со создавање сопствена платна мрежа. Биткоин протокол односно алгоритам со помош на кој функционира овој систем, кој е ограничен на издавање на 21 милиони биткоини.

Меѓутоа, секој биткоин има многу поголема вредност од традиционалната валута и затоа се дели на помали делови. Најмалата е милионити дел, Сатоши, која го доби името по неговиот создавач.

Зошто биткоинот го нарекуваат „дигитално злато“?

Традиционалните валути се темелат на вредните благородните метали, злато и сребро. Биткоиноит не се темеи на злато, туку зависи од математиките и алгоритмот во кој рударите го копаат биткоинот и извлекуваат криптовалути.

Во минатото инвеститорите купуваа вредни работи како што е златото за да се обезбедат против инфлацијата зошто тоа ја одржува стабилна вредноста во текот на економските кризи. Овој пат, пишува Гардијан, некои аналитичари говорат дека биткоинот би можел да стане алтернатива на вредните метали.

Аналитичарите на мултинационалната инвестициска банка ЏејПи Морган велат дека биткоинот би можел да вреди дури 146.000 американски долари по парче ако би се воспоставиле како вредносен имот како што е златото.

Споредувајќи ја дигиталната валута со благородните метали, кажано е дека биткоинот мора да порасне за повеќе од четири пати за да одговара на вредноста на златото во сопственост на приватни инвеститори од 2,7 милијарди долари. Тоа би значело „подразбирајќи ја теоретска цена на биткоинот од 146 илјади долари“.

Меѓутоа за да се поклопува со перцепцијата за златото – која се воспоставувала низ милениум како работа која вреди да се поседува – криптовалутата мораше да стане многу постабилна, смета Николаос Панигиртзоглу, аналитичар кој го напиша истражувањето за ЏејПи Морган.

За разлика од традиционалните валути, биткоинот не може да доживее инфлација зошто е ограничен на 21 милион биткоини – во случај валутите да беа од традиционални пари и натаму врзани за златото тие би зависеле од количеството на злато кое го поседува одредена држава.

Биткоинот не може да излезе од својата мрежа, врзан е за ограничен број, а долгорочните прогнози се дека со поголема експлоатација неговата вредност ќе биде подложна на дефлација. Но што повеќе се приближува кон конечниот број од 21 милион вредноста ќе биде постабилна.

Така што неговата улога во финансиите на дигиталното време исто така ќе се стабилизира според предвидувањата на економските аналитичари.

Неодамнешниот раст на биткоинот не изненадува. Охрабрувачки е да се види посериозно разгледување на биткоинот и имотната вредноста на дигиталната валута, зошто тој има реален потенцијал за преобликување на глобалните финансии какви што ги познаваме“, за Си-Ен-Ен Бизнис изјави Михаел Соненшеин, извршен директор на компанијата Грејсјејл Инвестменст, најголем светски менаџер за крипто имот.

Kaguya-sama: Love is War Season 2 (Dub) (https://animefreak.ws/m/7rmw) Episode 12 at AnimeFreak animefreak avatar

One Piece Episode 957 at website https://kissanimeonline.com kissanime online