October 20, 2021 13:23
Магазин

Зошто Бил Клинтон ја одби поканата за чај со кралицата

Чај со кралицата за многумина би била најпосакувана покана, но поранешниот американски претседател Бил Клинтон имал други планови на патувањето во Лондон во текот на неговиот мандат.

Тогашниот претседател на САД сакал да го доживее Лондон како турист и да јаде индиска храна.

„Тајмс“ пишува дека новообјавените доверливи документи од Националниот архив откриваат дека тогашниот американски претседател, за време на официјалната посета на Велика Британија во 1997 година, ја одбил поканата од монархињата да пие чај во Бакингемската палата.

Клинтон тогаш допатува во Лондон за да се сретне со новиот премиер, Тони Блер, веднаш по победата на лабуристите во мај таа година.

Филип Бартон, во тоа време приватен секретар број 10, напишал во текот на процесот на планирање: Палатата стапи во контакт со нас за да ни каже дека на нејзиното височество кралицата ќе ѝ биде многу драго да го покани претседателот (со или без премиерот) и/или госпоѓа Клинтон и госпоѓа Блер на чај следниот четврток… Чајот во Палатата е во 17 часот. Претседателот и премиерот најверојатно ќе бидат на некој настан, но, ова може да биде можност за г-ѓа Клинтон и г-ѓа Блер.

Следниот ден, Бартон додал: „Американците рекоа дека претседателот Клинтон и неговата сопруга се многу благодарни на поканата на кралицата за чај во Палатата, но дека би сакале да одбијат учтиво.“

Бартон, наводно објаснил дека Клинтон изјавил дека сака да биде турист во Лондон, изразувајќи желба да разгледува продавници и да се сретне со Тони и Чери Блер во ресторан за индиска храна.

AnimeKisa: Ranma ½ Super anime episode 3 online free at https://animekisa.in watch anime free

Website https://animefreak.ws: Watch Tight-rope animefreak Episode 2 one piece animefreak

AnimeTV: Yamibo: Darkness, The Hat and the Travelers of the Books anime episode 13 online free at https://animetv.cc anime tv attack on titan

4Anime: Case Closed: The Phantom of Baker Street anime episode Full online free at https://4anime.biz 4anime sign up

Yolotheme: https://yolotheme.com/forums/users/gogoanimebe/

Bitchute: https://www.bitchute.com/channel/gogoanimelol/