November 26, 2021 09:53
Македонија

ЗНМ: Надлежните итно да постапат за нападите врз новинари, креираната атмосфера е предупредувачка и мора веднаш да престане

Регистрираните напади во последниве две недели се приближуваат до бројката на вкупни напади во оваа година, што говори за еден недозволив тренд, истакна на денешната прес-конференција претседателот на Здружението на новинари Младен Чадиковски, осврнувајќи се на нападите врз медиумските работници за време на предизборната кампања за Локални избори 2021.

Тој побара надлежните, Министерството за внатрешни работи и Обвинителствата веднаш да постапуваат по тие случаи.

– Влегуваме во последната најнервозна фаза на кампањата. Предупредуваме дека сево ова мора веднаш на престане. МВР и Обвинителствата да регираат за да покажат дека нападите врз слободната мисла се недозволиви. Поднесовме претставки, повеќе пати и до МВР и до ДИК, за сите овие случувања и затоа очекуваме побрза реакција. Изборите ќе завршат на 31 октомври и ние новинарите нема да си легнеме со мислата дека до вчера беше кампања и се беше дозволено, а од денес почнува демократија. Сите овие случувања оставаат лузни на медиумската сцена и на демократската атмосфера во целата земја.
Затоа бараме, не утре, реакција на надлежните уште веднаш и сега, нагласи Чадиковски.

Претседателот на ЗНМ потенцираше дека во текот на изминатите недели сите бевме сведоци на повеќекратни тешки навреди, напади и исвиркувања, загрозување на личниот и професионалниот живот на новинарките и новинарите.

– Ја организиравме оваа прес-конфернеција на неколку денови пред Светскиот ден на неказнивоста на нападите врз новинари затоа што чувствуваме дека изборниот процес донесе премногу емоции кои се преточија во неприфатлив однос на дел од политичките актери, учесници во изборите, кандидати, партиски експоненти и партиски активисти, наведе Чадиковски.

Тој констатираше дека креираната атмосфера е предупредувачка и мора веднаш да престане.

– Не станува збор ниту за една партија или кандидат, туку за различни политички провениенции, додаде Чадиковски.

Медиумските работници, кои во изминатиот период ги доживеале немилите настани побараа итна рекација од страна на надлежните.

Како шти истакнаа, за новинарите искажаниот збор „тежи”, за разлика од оние кои се „расфрлаат со ветувања, кои потоа не важат”.

Website https://animefreak.ws: Watch Violet Evergarden: Special (Dub) animefreak Episode Full anime websites

AnimeFLV: BEM anime episode 12 online free at https://animeflv.uk anime sites

Website https://animeheaven.pro: Watch Dash! Yonkurou animeheaven Episode 25 arifureta anime heaven

https://4anime.biz 4anime hunter hunter

AnimeBee: Gall Force 3: Stardust War (Dub) anime episode Full online free at https://animebee.to free anime online