August 18, 2019 10:48
Македонија

Змија долга над два метра најдена на балкон во Драчево

Огромна змија долга повеќе од два метри пронајдена во двор на тераса во Драчево, дознава 24 инфо. Сопствениците велат дека утрово биле многу непријатно изненадени од ненадејниот посетител. Тие тврдат дека станува збор за некој вид на змија отровница. За детали се јавивме во Зоолошката градина во Скопје од каде ни рекоа дека змијата не е опасна.

Јорданчо Милошевски, биолог во Скопската Зоолошка градина вели дека змијата е  Dolichophis caspius, или народски жолт смок.

-Пролет е време вообичаено кога се појавуваат змии. Станува збор за многу неопасен тип на змија поради која не треба да се крева паника. Воопшто не е опасна по здравјето на луѓето. Колку што можам да оценам од фотографијата станува збор за возрасна единка. Луѓето треба само да ја избркаат со некој стап. Обично бега д луѓе и галама- вели Милошевски. Според него не станува збор за некој опасен тип на змија отровница и граѓаните не треба да се вознемируваат бидејќи ја има во урбана средина.

Според податоците кои може да се најдат за неа оваа змија е најголемата во Европа. Обично достигнува должина од 140 до 160 см, но има и примероци долги по 200 см. Најголемата забележана била долга 250 см. Не е отровна и претежно е активна преку ден. Главата продолжува кон телото со дебел врат. Има округли зеници, 19 реда мазни лушпи во средината на телото (иако ретко се среќаваат по 17). Грбните лушпи имаат по две пори на задниот раб. Средишниот дел на лушпата има посветла боја. Грбната страна од телото е сивокафеава и има белези што се јасно изразени во младоста, но избледнуваат кога единката ќе стане возрасна. Стомачната страна на телото е светложолта или бела.Жолтиот смок се храни со мали цицачи, гуштери, птици и други змии. Иако не е отровна, оваа змија важи за жестока бидејќи каса веднаш и без предупредување. Се смета за благотворна во земјоделството бидејќи јаде глодари кои се штетни за културите.

Валентина Ангеловска

Нови вести

Боки 13 на аудио снимката кога вели дека Заев е во тек и знае се мисли на Мицкоски кој лажно му се претставувал.

Igor

Мицкоски да не се крие туку да излезе пред граѓаните и да признае дали се гледал со Груевски во Будимпешта?

Igor

На Богородица и Табановце се чека околу 30 минути

Igor