December 9, 2022 00:18
Спорт

Злато за Георгиевски и сребро за Додевски на Г2 турнирот во Тирана

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски освои златен медал на Г2 турнирот „Албанија опен”.

Георгиевски до златото дојде со две убедливи победи, во финалето го демолираше олимпиецот и медалист од Светското првенство Иван Трајковиќ од Словенија.

Покрај Георгиевски, медал во Тирана освои уште еден Македонец. Филип Додевски со две ефективни победи и исклучително тесен пораз во финалето од Сулејманов од Азербејџан дојде до сребрениот медал.