November 25, 2020 22:41
Спорт

„Златното момче“ Халанд со четири гола ја оправда наградата за најдобар млад фудбалер

Норовежанецот Ерлинг Халанд одигра маестрален натпреавр во дресот на германскиот фудбалски бундеслигаш Борусија Дортмунд, откако утрово ја доби престижната награда за најдобар млад фудбалер во 2020  – „Златно момче“. Халанд признанието кое го освои го потврди со четири постигнати гола, кои на „милионерите“ им донесоа победа од 2-5 на гостувањето кај Херта Берлин во рамките од 8. коло германското првенство.

Домаќините по првиот дел имаа предност од 1-0 со голот на Куња во 33. минута. Сепак, во вториот дел  на сцена стапи младиот Норвежанец и со голови во 47., 50. и 62. минута донесе целосен пресврт и водство од 1-3 за тимот од Дортмунд. Во 70. минута Гереро зголеми на 1-4. Куна во 79. минута намали на 2-4, а Халанд со својот четврти гол го постави конечниот резултат 2-5 и ги доближи „милионерите“ на само еден чекор до лидерот Баерн Минхен.