December 10, 2022 06:13
Свет

Златни монети скриени во VII век пронајдени во ѕид во Израел

Археолозите во Израел објавија дека во природен резерват биле пронајдени 44 чисто златни монети кои датираат од VII век. Тие беа скриени во еден ѕид.

Во близина на потокот Хермон (Баниас) е пронајдена амбалажа тешка околу 170 g, а експертите проценуваат дека некој ја сокрил за време на муслиманското освојување на областа во 635 година.

„Можеме да замислиме како сопственикот го крие своето богатство поради претстојната војна со надеж дека еден ден ќе се врати по својот имот“, изјави Јоав Лерер, раководител на ископувањето, пренесе Би-би-си.

Освен златници, археолозите откриле остатоци од згради, канали и цевки, бронзени монети и друго во областа на античката населба, соопштија израелските власти.

Баниас има посебно место во христијанската традиција бидејќи тоа е областа каде што Исус наводно му рекол на апостол Петар дека „ќе ја изгради својата црква на карпа“,пренесе Индекс.хр.