August 24, 2019 23:35
Македонија

Златен медал за крушевски ученици на меѓународен натпревар по гастрономија во Хрватска

Учениците Давид Трајкоски и Бојан Седлоски од Средното крушевско училиште „Наум Наумовски Борче” на меѓународниот натпревар за гастрономија во Хрватска освоија златен медал, а нивното средно училиште го освои второто место во конкуренција од 24 училишта од Европа.

На 14. Меѓународен фестивал по гастрономија Супетар – Брач, Република Хрватска кој се одржа од 9 до 14 април учениците имаа можност да присуствуваат на мастер часови од реномирани европски шефови на кујни, а покрај професорите и покоровителите, несебична поддршка во подготовката им даде и шеф Христијан Јорданоски.

За постигнатиот успех, наградените ученици, заедно со својот ментор Оливера Карева Скола, професорот Љупчо Крстески, со директорката на училиштето Снежана Миленкоска и со претставници од хотелот „Монтана Палас”,  еден од нивните главни покровители, имаа средба со крушевскиот градоначалник Томе Христоски. Тема на разговор беше понатамошната соработка и промоција на струките од областа на угостителството, како и за дополнително поттикнување на учениците од крушевското средно училиште.

Нови вести

АВМУ: Политичарите да се воздржат од тужби кон медиумите

24news

Камчев се сонча во Бугарија

24news

Филипче: Останува концептот за Детска кардиохирургија, операции и во двете приватни болници

Igor