December 9, 2022 01:12
Магазин

Златан Ибрахимовиќ глуми во новиот филм за Астерикс и Обеликс

Најновиот филм за галиските стрип херои Астерикс и Обеликс, насловен „ Asterix and Obelix: the Middle Empire “, наскоро пристигнува во кината. Режисер е Французинот Гијом Кане, кој исто така го игра Астерикс, а во улогата на римскиот војник Антивирус се појавува Златан Ибрахимовиќ.

Ова ќе биде актерската премиера на легендарниот фудбалер, кој на својот Твитер профил го сподели трејлерот за филмот. Со вкупен буџет од 60 милиони евра, петтиот филм од познатиот серијал Астерикс и Обеликс ќе биде еден од најскапите во француската историја.