February 25, 2020 12:27
Македонија

Зијадин Села: Bо случајот ,,Рекет” има и бомба за Османи

Претседателот на Алијанса за Албанците вели дека има сознанија дека меѓу прислушуваните материјали од случајот „Рекет„ има бомба и за вицепремиерот Бујар Османи.

Токму затоа и не очекува овој случај да има разрешница. Правен епилог, според него, може да има само доколку се донесе јавен обвинител врз кој не може да се врши притисок или пак, не се смени власта.

Лидерот на Алијансата за Албанците предлага јавен обвинител странец, за никој да не се чувствува заштитен.

Остро реагираше за тоа што на синоќешната средба меѓу Заев и Мицкоски за законот за јавно обвинителство не беа поканети останатите партиски лидери. Долгите разговори беа епилог ги нарече театар за јавност, затоа што е убеден дека, СДСМ, ВМРО ДПМНЕ и ДУИ имаат договор да не се договорат.

Села им порача на партиите дека нема да гласа за закон што ќе го договорат самите, а на премиерот дека нема да ги добие нивните гласови бланко ниту за евентуален план Б.

Целиот текст прочитајте го тука: https://telma.com.mk/zijadin-sela-vo-reket-ima-bomba-i-za-bujar-osmani/?fbclid=IwAR2ML7Q9FiHxCLl7Yqwc_inGC1jz5Nmde2RTT-IvXzDa4UxTrJaWn3wSDYA