March 22, 2019 03:56
Скопје

Зимските служби на општина Гази Баба на терен, интензивно го чистат снегот во сите населени места

Службите за справување во зимски услови на општина Гази Баба заедно со ЈКП “Гази Баба 2007” излегоа на терен веднаш штом падна првиот снег. Пет екипи во координирани акции, кои се распоредени на неколку локации во руралните и урбаните делови, интензивно работат на терен два дена.

Се започна со интервенција на покритичните точки на високите места како што се Црешево Булачани, Раштак и Брњарци, како и на најпрометните улици угорници “Коце Металец” во Железара, во Ченто улиците “Јужноморавски бригади”, “Срекќо Пужалка”, “Товарник” 1 и 2 и “Фуштанска”.

Потоа се прејде на чистење на снегот во населените места Железара, Автокоманда, Маџари, Ченто, Синѓелиќ, Стајковци, Јурумлери, Трубарево.

Општинските служби го расчистуваа теренот и пред градинките, амбулантите и  тротоарите.

Во сите акции, досега се фрлени околу 100 тони сол и преку 80 кубика ризла.  

Во акциите учествуваа и надлежни служби од град Скопје.

Вчера и денеска, екипите на кризниот штаб се постојано на терен, ја следат состојбата со цел веднаш да интервенираат онаму каде што треба.

Интензивната работа на општина Гази Баба, заедно со ЈКП Гази Баба и град Скопје, ја држат состојбата под контрола и сега засега нема отсечени села ниту населби поради врнежите од снег.

Нови вести

Градот Скопје ќе наградува компании, домаќинства и институции за придонес во животната средина

Filip

ЈДГ „Весели Цветови“ одбележа 74 години постоење

Igor

Подводно чистење на езерото Матка

Igor