March 22, 2019 04:01
Спорт

Зидан го менува Алегри при еден услов

Тренерот на италијанскиот шампион Јувентус – Макс Алегри, донел одлука да ги напушти „бјанконерите” по крајот на сезоната, тврди „Мундо Депортиво”.

Договорот на тактичарот од Ливорно е до летото 2020 година, но тој има намера да си замине по оваа кампања, без разлика на нејзиниот исход. При триумф во Лигата на Шампионите, Алегри ќе ги има освоено сите трофеи со Јуве, а при елиминација, не е исклучено и раководството да го ослободи. Затоа стратегот, наводно, одлучил да замине.

Тој веќе е петта година на чело на шампионите во Серија „А” и за овој период освои историски четири последователни титули и тимот играше две финалиња во Лигата на шампиони, изгубени со 1:3 од Барселона и 1:4 од Реал Мадрид.

„Старата дама” веќе е подготвена со негов заменик. Тоа е Зинедин Зидан, кој во моментов е слободен, откако летоска го напушти „Сантијаго Бернабеу”, освојувајќи категорични три последователни трофеи во ЛШ. Името на француската легенда е поврзувано и со Манчестер Јунајтед, но се претпоставува дека тој не ја прифатил понудата од „Олд Трафорд”, бидејќи сонува да се врати во Торино.

Зидан го носи „црно-белиот” дрес како фудбалер меѓу 1996 и 2001 година и одлично ја познава ситуацијата во клубот.

Нови вести

Иновативен потег во Австралија – судија на фудбалски натпревар носеше микрофон

Filip

Бојкот на дел од навивачите на Челзи поради менаџерот Сари

Filip

Роналдо казнет со 20.000 евра, ќе игра против Ајакс

Filip