November 25, 2020 01:57
Спорт

Зидан: Гостувањето на „Камп Ноу” е најдоброто нешто за нас во моментов

По два последователни порази, тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан смета дека битката со Барселона е најдоброто нешто што може да му се случи на неговиот тим.

Во сабота, шампионите на Ла Лига гостуваат на „Камп Ноу” во првото издание на сезоната на „Ел Класико”. Екипата од главниот град е под притисок поради слабите резултати во последно време, но Зизу верува во своите играчи.

– Ова е најдобриот начин да свртиме сè во наша предност. Со добар натпревар ќе докажеме дека сакаме да го смениме она што се случува. Ова е она што го сакаме – силно да се претставиме. Ништо не се смени – работите се како што се. Пред една година повторно беше исто, порано беше исто. Од мене се бара да работам, а јас секогаш давам 100% од себе, вели Зидан.

Во однос на тоа дали на тимот му недостасува самодоверба, Французинот вели дека важно е да се биде „силен како карактер”.

– Довербата доаѓа од она што го постигнувате на теренот. Ако се справите добро, ќе имате самодоверба. Отсекогаш сум бил критичен кон себе – тоа е она што ме тера да растам. Сите знаеме дека треба да смениме нешто. Фудбалерите исто така сакаат да играат посилно. Јас самиот не живеам во минатото, ме интересира само она што претстои. Да заборавиме што се случи на претходниот натпревар. Не толку одамна повторно имавме проблеми. Тоа им се случува на сите, но важно е да бидете внимателни да не го правите тоа постојано, изјави тој.

За дуелот со Барса и Куман, смета дека противникот отсекогаш бил силен – со секој тренер.

– Барса е секогаш Барса. Ова е вреден тим кој знае да игра фудбал и да ви ги отежнува работите. Секогаш е добро за нас кога треба да се соочиме со таков противник, додаде Зизу.