September 29, 2020 13:48
Македонија

Зеќири му возврати на Османи: Со една ИЕ не губат Албанците, туку ДУИ

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зеќири со своја преметка за бројот на пратеници Албанци ако се изгласа една Изборна единица, со која му контрира на вицепремиерот, Бујар Османи, кој рече дека со една ИЕ ДУИ би добила два пратника повеќе, а би загубиле Албанците од 8 до 10 пратеника.

Според Зеќири, кој пресметката ја објави на Фејсбук, со една изборна единица не губат Албанците, туку како што вели, ДУИ.

-Со 1 ИЕ не губат Албанците, туку ДУИ! За да се уверат граѓаните дека претставниците на ДУИ по дебати лажат оти Албанците со 1 ИЕ би изгубиле дури 10 пратенички мандати, потребно е само да направат симулација на резултатите од 2016 година. Да беше тогаш Македонија 1 ИЕ, албанските партии ќе имаа 21 пратеник, наместо 20 колку што имаат во моментот.

Односно факт е дека ДУИ ќе имаше 9, а не 10 пратеници колку што има сега, додека три опозициски албански партии наместо 10 ќе имаа 12 пратеници. Не манипулирајте со граѓаните, ако изгуби ДУИ, победуваат Албанците, напиша Зеќири.

Me 1 Njesi Zgjedhore nuk humbin shqiptaret por humb BDI!!!Sa per tu vertetuar qytetaret se perfaqesuesit e BDI-se ne…

Posted by Muhamed Zekiri on Сабота, 14 декември 2019