January 23, 2021 17:11
Балкан

Зетот на Ердоган поднесе оставка и од функцијата во Турскиот суверен фонд

Зетот на турсиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Берат Албајрак денеска поднесе оставка од местот потпретседател на Турскиот суверен фонд, три недели откако си поднесе оставка од функцијата министер за финансии.

Албајрак, кој важеше за евентуален наследник на Ердоган, предизвика политички земјотрес кога на 8 ноември поднесе оставка од функцијата министер за финансии, поради здравтсвени причини. Тој во 2018 година беше именуван за потпретсдеател на Турскиот суверен фонд, со кој управува Ердоган.

Со оставката се потврдува повлекувањето на Албајрак од турскиот политички живот. Тој нема дадено изјава откако ја напушти министерската функција.

Турскиот суверен фонд е формиран во 2016 година и управува со државниот имот во фирмите, а финансира големи инфраструктурни проекти. Според официјални податоци, Фондот управува со 177 милијарди турски лири (околу 10 милијарди евра) во 20 компании, меѓу кои и „Туркиш ерлајнс” и банките „Зират” и „Халкбанк”.

Watch Naruto: Shippuden Episode 322 (https://animefreak.ws/m/3Ra/ep-322) at AnimeFreak animefreak my hero academia

Watch The Irregular at Magic High School: Visitor Arc (Dub) Episode 9 at GoGoAnime gogoanime re zero