February 3, 2023 20:22
Свет

Земјотрес со јачина од 6,4 степени ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди западниот дел на индонезискиот остров Јава, на длабочина од 118 километри, соопшти локалната сеизмолошка агенција.

Агенцијата додава дека по земјотресот нема опасност од цунами. Потресот бил почувствуван и во главниот град Џакарта, кој се наоѓа на северозападната страна на островот.

Засега нема извештаи за штети, а властите во градот Гарут, кој се наоѓа на 50 километри од епицентарот, соопштија дека вршат истражувања.

Минатиот месец плиток земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди градот Цианџур, одземајќи повеќе од 300 животи.