February 2, 2023 02:34
Свет

Земјотрес со јачина од 5,8 степени ја погоди Индонезија

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди индонезиската провинција Западна Јава, објави државната геофизичка агенција (БМКГ), а жителите во областите во близина на епицентарот панично ги напуштаа своите домови.

Земјотресот со епицентар на 22 километри од градот Сукабуми немал потенцијал да предизвика цунами, објави агенцијата, додека снимките од информативниот канал TVOne покажале дека жителите ги напуштиле своите домови во тој град.

Потресите се почувствувани и во главниот град Џакарта и околните области, изјавија очевидци на Ројтерс.

Абдул Мухари, официјален претставник на Индонезиската агенција за ублажување на катастрофи (BNPB), изјави за Ројтерс дека засега нема извештаи за штета, но агенцијата сè уште ја проценува ситуацијата.

Минатиот месец, земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди градот Сианџур, исто така во Западна Јава, при што загинаа повеќе од 300 луѓе и предизвикаа штета на илјадници домови.

Индонезија има историја на разорни земјотреси, а со јачина од 9,1 степени според Рихтер во 2004 година во близина на островот Суматра во северна Индонезија предизвика цунами што погоди 14 земји, при што загинаа 226.000 луѓе.