November 26, 2022 13:19
Свет

Земјотрес од 6,2 степени во близина на мексиканскиот брег на Долна Калифорнија

Земјотрес со јачина од 6,2 степени е регистриран во близина на брегот на мексиканската држава Долна Калифорнија, соопшти Геофизичкиот институт на САД.

Земјотресот бил на длабочина од 19 километри. Епицентарот на земјотресот бил на околу 30 километри западно-југозападно од Лас Бризас, Долна Калифорнија, додава институтот.

Нема извештаи за жртви или материјална штета.