October 22, 2021 11:10
Балкан

Земјотрес од 3,9 по Рихтер во Албанија

Земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтер, попладнево е регистриран во североисточниот дел на Албанија.

Потресот беше во 16:04 часот, со епицентар  на шест километри од градот Клос, односно 24 киломери североисточно од Тирана, а е почувствуван  во Круја, Тирана, Пешкопеја  и други градови во Албанија.

Потрес со послаб интензитет беше почуватвуван и во западниот дел на Северна Македонија, посебно во дебарскиот регион.

На денешен ден пред две години и во исто време(16:05 часот) имаше потрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во подрачјето на Драч, а  според официјалниот биланс, оштетени беа  над 1.500 куќи, стамбени згради и училишта, главно во областа Драч, каде што беше епицентар, но и во Тирана.

По два месеца, на 26 ноември 2019 Албанија ја погоди катастрофален земјотрес, со јана од 6,4 степени, со епцентар во подрачјето на Драч, во кој животот го загубија 50 лица, околу две илјади беа повредени а метеријаланата штета беше проценета а 1,2 милјарди евра.

AnimeBee: KADO: The Right Answer – Beyond Information anime episode Full online free at https://animebee.to anime streaming

AniWatch: Battle Game in 5 Seconds anime episode 11 online free at https://aniwatch.pro watch anime dub

AnimeTV: Fox Spirit Matchmaker anime episode 13 online free at https://animetv.cc animetv ge

AnimeFLV: O Maidens in Your Savage Season anime episode 12 online free at https://animeflv.uk stream anime online

Woddal: https://www.woddal.com/gogoanimelol

Dashburst: https://dashburst.com/gogoanimebe