August 14, 2022 09:16
Македонија

Земјотрес во Албанија, се тресе и во Македонија

Земјотрес со јачина од 4,7 степени по Рихтеровата скала ја потресе Северна Албанија, нешто по 22 часот.

Засега нема информации за повредени или можна материјална штета.

Според првичните информации земјотресот e на длабочина од 2 километри и на 56 километри од Призрен.

Пред неколку денови силен земјотрес го погоди Лерин, во Грција, а потресот беше почувствуван и во
Битола и некои други македонски градови. По најсилниот следеа уште десетина послаби земјотреси, а тлото се тресеше и нареднте денови.