October 15, 2019 23:50
Балкан

Земјотреси во Истанбул

Земјотрес со јачина од 4,7 степени го погоди денеска југозападниот дел на Истанбул.

По него имало и втор земјотрес со иста јачина.

Првиот земјотрес во 11 часот е регистриран на длабочина од околу 10 километри во Мраморното Море, а вториот во реонот на Силиври, исто така во Мраморното Море.

Засега нема извештаи за загинати или материјална штета.

Само неколку минути подоцна, земјотрес со јачина од 5,7 степени беше регистриран на 130 километри јужно од грчкиот остров Крит во Средоземното Море. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Нови вести

Косово го повлече барањето за прием во Интерпол

Igor

Лудовик Орбан номиниран за премиер на Романија

Igor

Венецијанската комисија го собори Рама

Igor