October 6, 2022 12:06
Економија

Земјоделците во Пелагонија се подготвуваат за есенска сеидба

 Во средината на септември и на крајот на месецот настапува поволен период за сеење на есенските посеви, посочуваат земјоделци од битолскиот дел на Пелагонија.

Во овој период, земјоделците вршат предсидбената подготовка на почвата и ѓубрење на површините, а кон 10 септември ќе се сее семе од зелена салата, ротквици, спанаќ и магдонос.

-Сега задолжително се врши деконтаминација на семето на есенските посеви со препарати кои се на база на некоја од следните активни материи тирам, карбоксим, манкозеб и слично. Исто така треба да се обезбедат потребните хербициди во зависност од степенот и видот на заплевеноста, а по сеидба и пред никнување се врши мапирање на плевелите и во зависност од заплевеленоста се употребуваат некои од дозволените селективни хербициди, кои што најчесто се на база на активната материја пендиметалин. Најрано започнува сеидбата на ржта, проследено со тритикале, по што се продолжува со пченицата и јачменот, велат агро-експерти од Битола.

За десеттина денови, кон 10 септември се сее семето од зелена салата и салати кои ќе се пресадуваат кон крајот на октомври и ноември, а во текот на месецов се сеат уште и спанаќ, ротквици и магдоносот.