December 5, 2022 21:56
Свет

Земан: Ризикот од нуклеарен конфликт е висок, верувам во силен воен одговор

Ризикот од нуклеарен конфликт е голем поради руските закани за употреба на тактичко нуклеарно оружје во Украина, изјави денеска во Прага чешкиот претседател Милош Земан.

„Верувам дека во оваа ситуација европските земји, а не само европските, би морале да дадат силен воен одговор“, изјави Земан на брифингот по разговорот со емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, пренесе ТАСС.

Како што рече чешкиот претседател, меѓународната заедница треба да испрати јасна порака до руското раководство дека „доколку Русија употреби нуклеарно оружје во Украина, ќе има не само дипломатска реакција, туку и воена, со сите последици што произлегуваат од тоа”, пренесува агенцијата.