January 25, 2022 05:09
Скопје

„Зелен хуман град“ ги повика скопјани на протест против изградбата кај „Холидеј ин“

Граѓанската иницијатива „Зелен Хуман Град“ за в петок од 16 часот закажа протест пред Јавното обвинителство под мотото  „Стоп за висококатници во центарот на Скопје“. Протестото ќе биде ортганизиран како што велат од граѓанската иницијатива откако денеска изминаа 48-те часа што им ги дадоа како рок на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и Јавното обвинителство да постапат и да се произнесат за ДУП Ц 08, кој го опфаќа просторот на паркингот кај “Холидеј ин“, каде започна изградбата на првата од трите кули од комплексот „Гранд“.

-Во Македонија годишно умираат повеќе од 3.500 луѓе од загаден воздух! Ако се дозволи изградбата уште повеќе ќе се спречи струењето на воздухот што ќе резултира со уште поголемо негово загадување и дополнително ќе се влоши квалитетот на живот во центарот на Скопје. Центарот ќе биде парализиран од сообраќаен метеж и луѓето што живеат и работат во близина нема да може да ги извршуваат секојдневните обврски, се вели во најавата за протестот.

Тие бараат итно запирање на градежните активности поради сомнеж за корупција и злоупотреби на службената должност. Исто така, тие барат јавното обвинителство најитно да се произнесе по иницијативата од Државната комисија за спречување корупција.

-Владата да одвои средства од централниот буџет доколку Центар нема доволно за новомаалци да добијат решение и излез од нехуманите услови во кои живеат. Советот на Општина Центар најитно да го изгласа елаборатот за суспензија за натамошно спроведување на овој ДУП.  Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам најитно да спроведе надзор врз основа на претставката поднесена од Зелен Хуман Град“, бараат  од граѓанската иницијатива.

 

https://animefreak1.com/. AnimeFreak #1 Site to watch thousands of dubbed and subbed anime episodes including Dragon Ball Super, Attack on Titan, Naruto Shippuden, One Piece

anime website Horimiya (Dub)

AnimeFreak My Hero Academia Season 4 Episode 25

The Misfit of Demon King Academy: History’s Strongest Demon King Reincarnates and Goes to School with His Descendants Episode 4

AnimeFreak DARLING in the FRANXX Episode 22

AnimeFreak Death Note Episode 30