December 6, 2022 22:27
Свет

Зеленски: Украинската армија ослободи десетици градови во јужните и источните делови на земјата

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека украинската армија постигнала голем, брз напредок против руските сили и ослободила од окупација десетици градови на југот и на истокот на земјата.

„Украинската армија напредува на прилично брз и моќен начин на југот на земјата во контекст на сегашната одбранбена операција”, рече Зеленски во видео-обраќање.

Според него, само оваа недела, по рускиот „псевдореферендум ослободени се десетици населени места во регионите Херсон, Харков, Луганск и Доњецк”.

На 30 септември рускиот претседател Владимир Путин потпиша документи со кои се официјализираше обидот на Русија да ги анектира украинските региони Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје, чии делови беа окупирани од руските сили. Претходно, Москва организираше референдумско изјаснување во тие четири региони што беше отфрлено од меѓународната заедница.