December 9, 2022 00:47
Свет

Зеленски со воениот врв разговараше за натамошниот план за ослободување на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се сретна со воените команданти со кои разговараше за „натамошниот план за ослободување” на украинските територии.

По средбата Зеленски на својот канал на Телеграм напиша дека со командантите разговарале и за испораката на оружје за украинските вооружени сили, како и за можните идни планови на Русија по инвазијата врз Украина, пренесуваат британските медиуми.