August 22, 2019 01:19
Свет

Зеленски: Санкциите на ЕУ против Русија да останат до враќање на украинската територија

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изрази надеж дека санкциите на Европската унија против Русија ќе останат на сила додека украинската територија не биде вратена под контрола на Киев, објави Канцеларијата на украинскиот претседател.

Запад наметна санкции на Москва по руското присоединување на Крим во 2014 година и поддршката на сепаратистичките борци во источна Украина.

– Ви благодарам што ја поддржувавте политиката на санкции против Русија и се надевам дека ќе продолжи се додека украинската територија не биде целосно вратена, им рече Зеленски на шефовите на дипломатиите на Полска и Шведска, кои престојуваа во Киев.

Нови вести

Во Авганистан убиени двајца американски војници

Filip

Во авион на шпански Евелоп повредени 14 лица поради турбуленции

Filip

Макрон: Да се реши украинската криза пред приемот на Русија во Г-7

Filip