December 7, 2022 20:11
Свет

Зеленски: Референдумот е фарса

 Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќањр повторно ги осуди референдумот на проруските власти во четири украински региони, нарекувајќи ги фарса.

– Оваа фарса на окупираните територии не може ни да се нарече имитација на референдум, истакна Зеленски.

Тој додаде дека Украина ќе го брани својот народ, кој сè уште живее под окупација во регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон и во делови од регионот Харков.

– Ние напредуваме и ќе ја ослободиме нашата земја, посочи Зеленски без да наведе детали од фронтот.