June 25, 2022 12:30
Свет

Зеленски по враќањето од фронтот на југот на Украина: Војниците не се сомневаат во победата против Русите

По враќањето од фронтот на југот на земјата, украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека неговите војници не се сомневаат во победата против руските сили.

Зеленски, кој ретко оди надвор од главниот град Киев од почетокот на руската инвазија, вчера за првпат го посети местото Николаев на југот на земјата.

„Никому нема да го дадеме југот, ќе вратиме се, а морето ќе биде украинско, ќе биде безбедно”, се наведува во видеото што Зеленски го објави на Телеграм по враќањето во Киев.

Зеленски ги посети украинските војници и им се заблагодари за нивната „херојска служба” во борбата против руските сили поддржани на исток од областа на анектираниот Крим.

„Важно е да сте живи. Се додека сте живи, постои силен украински ѕид кој ја штити нашата земја”, им рекол тој на војниците.

nhà cái go88 ở đâu Go88 - Huyền Thoại Nỗ Hũ Siêu To go88 game tài xỉu

đánh bài online sunwin