December 1, 2022 19:16
Свет

Зеленски потпиша указ за неможност за преговори со Путин

Одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина за мерките на Киев, како одговор на обидот на Русија да анектира делови од својата територија, стапи во сила денеска, се наведува во декретот потпишан од украинскиот претседател Володимир Зеленски, пренесува Интерфакс Украина.

Советот за национална безбедност и одбрана на Украина донесе одлука за неможност да се преговара со рускиот претседател Владимир Путин, се наведува во указот потпишан од Зеленски.

– Констатирана е неможноста да се преговара со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин – се наведува во документот.

Одлуката на Советот ги прецизира начините за спротивставување на обидите на Москва за анексија на украински територии, како и неопходните мерки за обезбедување на колективната безбедност на евроатлантската област и Украина и за враќање на нејзиниот територијален интегритет.

Соодветниот указ на Зеленски со кој се одобрува одлуката на Советот од 30 септември денеска е објавена на веб-страницата на претседателот.

– Уредбата стапува во сила со денот на објавувањето – се вели во текстот на документот.

Украина поднесе барање за забрзана процедура за членство во НАТО, откако беше објавено дека Русија ја покренала процедурата за приклучување на четири украински региони, откако во нив организираше референдум, што Киев и голем број земји го отфрлија како кршење на меѓународното право,пренесе Новости.рс.