December 9, 2022 13:32
Свет

Зеленски: Подготвени сме за дијалог, но со друг претседател на Русија

Во Украина денеска се одржа итен состанок на Советот за национална безбедност, а претседателот на Украина, Володимир Зеленски, по состанокот најави дека зајакнувањето на Украина и протерувањето на окупаторите од нејзината територија е единствениот начин за воспоставување мир.

„Ќе одиме по овој пат. Исто така, Украина беше и останува лидер во преговарачките напори. Ние сме тие што ѝ понудивме на Русија да се согласи на соживот под еднакви, фер и достоинствени услови. Очигледно е дека тоа не е можно со овој руски претседател“, рече Зеленски.

Тој додаде дека Украина сѐ уште е подготвена за дијалог, но не со Путин.

„Тој не знае што е достоинство и чесност. Подготвени сме за дијалог, но со друг претседател“, додаде Зеленски.