June 25, 2022 22:58
Свет

Зеленски објави снимка од ракетирање на зграда во Харков во која загинале 11 лица

Во ракетирањето на градот Лозова, во украинскиот регион Харков, денеска загинаа 11 лица, изјави попладнево украинскиот претседател Володимир Зеленски.

На снимката, што Зеленски ја постираше на социјалните мрежи, се гледа објектот и веднаш потоа и силната експлозија и облакот од чад што се крева над зградата погодена од проектил.

Зеленски на Фејсбук напиша дека ракетирана била зградата на Домот на културата во Лозова и дека во нападот загинале 11 лица, меѓу кои и едно 11-годишно дете.

„Окупаторите ја земаа културата, образованието и човештвото за свои непријатели. Тие ги гаѓаат со проектили и бомби. Што им е во умот на луѓето кои избираат такви цели? Апсолутно зло, апсолутна глупост”, напиша Зеленски.

Go88 – Thiên đường giải trí cùng Game bài đổi thưởng hot nhất cách nạp tiền go88 go88 ko rút được tiền

download sunwin ios sunwin kid play sunwin