December 9, 2022 00:03
Свет

Зеленски: Киев бара членство во НАТО по забрзана процедура

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Киев бара членство во НАТО по забрзана процедура.

– Веќе ја докажавме компатибилноста со стандардите на Алијансата. Преземаме одлучен чекор со апликација за забрзано членство на Украина во НАТО, посочи Зеленски.

Во Украина денеска се одржа итен состанок на Советот за национална безбедност, а претседателот Зеленски по состанокот најави дека зајакнувањето на Украина и протерувањето на окупаторите од нејзината територија е единствениот начин за воспоставување мир.

„Ќе одиме по овој пат. Исто така, Украина беше и останува лидер во преговарачките напори. Ние сме тие што ѝ понудивме на Русија да се согласи на соживот под еднакви, фер и достоинствени услови. Очигледно е дека тоа не е можно со овој руски претседател“, рече Зеленски.

Тој додаде дека Украина сѐ уште е подготвена за дијалог, но не со Путин.

„Тој не знае што е достоинство и чесност. Подготвени сме за дијалог, но со друг претседател“, додаде Зеленски.