October 26, 2021 20:51
Свет

Зеленски вети „силен одговор” по нападот врз неговиот советник

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети „силен одговор” по обидот за атентат врз неговиот советник, напад за кој смета дека е насочен против реформските напори на Украина.

– Одговорот ќе биде силен, изјави Зеленски во видео запис испратен од Њујорк, каде што присуствува на Генералното собрание на ОН. Тој нагласи дека не знае кој ги наредил истрелите против неговиот прв советник Серхиј Шефир.

Зеленски вели дека пукањето во автомобилот на неговиот пријател, како „поздрав” кон него, е знак на слабост, но одговорот ќе биде силен. Тој вети дека ќе ја продолжи борбата против криминалот и влијателните финансиски групи, уверувајќи дека она што се случило нема да влијае врз силата на неговиот тим.

Еден украински локален телевизиски канал објави дека на автомобилот на Шефир од страната на возачот може да се видат најмалку 19 дупки од куршуми.

Според украинскиот претседател, нападот можеби бил организиран од внатрешни или надворешни сили.

Александар Корниенко, лидер на политичката партија „Слуга на народот” на Зеленски, изјави дека не треба да се исклучи ниту вмешаноста на Русија во нападот.

– Руската вмешаност не треба целосно да се исклучи. Ние ја знаеме нивната способност да организираат терористички напади во различни држави, изјави Корниенко пред новинарите.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, оцени дека наводите за вмешаност на Русија се далеку од вистината.

– Тие немаат никаква врска со реалноста, рече Песков.

Tanoshii Muumin Ikka Episode 31

Watch 009-1: R&B (Dub) Episode Full

Website https://animefreak.ws: Watch Blood Reign: Curse of the Yoma animefreak Episode 2 animefreak site

KissAnime: Hello World anime episode Full online free at https://kissanime.mx anime

Flipboard: https://flipboard.com/@gogoanimebe

Pinterest: https://www.pinterest.com/gogoanimebe/