November 28, 2020 19:48
Македонија

Зекири се прости од 27- годишниот кумановец кој почина од Ковид 19

27-годишен пациент од Липково починал утринава на Клиниката за инфективни болести во Скопје од компликации од ковид-19, потврдија од Министерство за здравство.

Според информациите од таму пациентот немал хронични заболувања.

„Денес изгубив вистински пријател, додека Липково загуби еден од нејзините најдобри синови, Ријад Мамутин 27 години“, објави на Фејсбук потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири.