October 15, 2019 23:51
Македонија

Здруженија за заштита на животни тврдат дека во штипскиот стационар успиваат здрави животни

Здрженијата за заштита на животни „Про Анима“ Берово, „Шепасти Ентузијасти“ Скопје и граѓанската иницијатива „Кане Корзо Надеж“, информираат за ужасни активсноти на управата на Ветеринарната болница од Штип, на чело со ветеринарот Крсто Митев.

Тие укажуваат за еутанзирани кучиња, меѓу кои и 2 здрави единки, кои, како што велат, денеска се брутално убиени без никакво тестирање и фрлени на депонија.

Од здруженијата велат дека стационарот е во многу лоша состојба, дека нема вода и дека тие носат во шишиња за животните од дома или од чешмата, која се наоѓа на 100 метри од стационарот. Активистите го чистеле изметот од кучињата, зошто, како што велат, никој со недели не се појавил таму да ги испере кафезите.

„За секој поминат ден (24 часа) како “функционира” стационарот, односно за “надзор и одржување” Ветеринарна станица – Штип наплаќа по 1350 денари + ДДВ. Во ова не влегува трошокот за обезбедување на храна и вода или било каков трошок за лекување, кој Ветеринарна станица – Штип го наплаќа посебно. Моментално ова го прават само 2 девојки доброволно, иако Ветеринарна станица – Штип има ангажирано лице кое го плаќа 6000 денари месечно да го прави сето ова. Кучињата кои се останати горе сè уште се сместени во кафези оградени и покриени со лимови. Стационарот функционира во ваква состојба и покрај добиените насоки од АХВ за негово подобрување. Во меѓувреме почина штотуку стерилизирано куче од топлотен удар. Случајот со Бренда никогаш не се расчисти. Лицето претставник од АХВ е всушност локален комунален инспектор со име Тоше Георгиевски. Во стационарот има кучка со маркица која е бремена. Низ градот има испуштено и други кучиња со маркица кои не се стерилизирани“ велат од здруженијата.

Тие бараат најстрога казна за ветеринарот Крсто Митев, кој, како што велат, не работи според законите и монструозно успива здрави животни без претходен тест.
Исто така бараат да се поништи одлуката за доделување на тендерот на Ветеринарна станица – Штип и да се распише нов, а воедно и да го направи стационарот како што е предвидено според Правилникот за ваков тип на објекти

Нови вести

Лукаревска во Кичево: Повратот на ДДВ е навремен и неселективен и обезбедува повеќе пари кај граѓаните, на прав пат сме

Igor

Учениците од ,,Димитар Влахов“ со допир го запознаа Пендаровски

Igor

Спасовски во Кичево: Продолжуваме со концептот парите назад кај граѓаните, следува намалување на казните за сообраќајни прекршоци

Igor