Здружението на јавните обвинители најостро ги осудува последните закани упатени кон јавниот обвинител на Република Северна Македонија. Заканите упатени кон него , како највисок во јавнообвинителската хиерархија , претставуваат закана кон целата институција и сите носители на јавнообвинителската функција.
Вакви закани од било каде и од било кого да доаѓаат , најблаго речено се нецивилизациски чин.Истите се во спротивност со сите меѓународни акти и востановени стандарди за функционирањето на јавното обвинителство во секоја правна држава .
Јавното обвинителство како инситуција има интегритет и сила , преку носителите на јавнообвинителската функција со правни средства, да се бори против сите облици на криминалитет .
Во извршувањето на фукцијата на кривично гонење на сторителите на кривични дела , никој и со никакви средства неможе да го спречи јавното обвинителство , а уште помалку да го поколеба во извршувањето на неговите уставни и законски надлежности .