Македонија

Здравствените работници ќе го добијат бонусот од пет проценти овој месец, најави Филипче

Здравствените работници во текот на овој месец ќе го добијат покачувањето на плата од пет проценти за март, најави министерот за здравство Венко Филипче, појаснувајќи дека досега се барало начин како тоа формално правно да се направи.

Потенцира дека на состаноци со претставници на Синдикатот на здравствени работници се дискутирало дали покачувањето може да биде дел од анкесот на Колективниот договор или со оглед на тоа што сумата од пет проценти доаѓа како поддрршка преку кредитот од Светска банка не може да се пресмета во основната плата, ќе биде како бонус- додаток.

– Во таа смисла ќе биде и нешто поголема сума заради тоа што ќе биде само дополнување. Средства се обезбедени и овој месец ќе ги добијат петте проценти, изјави Филипче.

Како што истакна министерот за здравство, се планирало ако не се стигне во мај, здравствените работници да добијат дупла сума за изминатите два месеца, а потоа да се продолжи со по пет проценти. 

AniWatch aniwatch.me: Watch That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Episode 4 (https://aniwatch.pro/m/bonD/ep-4)

GoGoAnime detective conan gogoanime: The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement Episode 13