April 9, 2020 05:04
Економија

Зголемен прометот на услугите кај научното истражување и ветеринарните дејности, намален во филмскиот сектор

Прометот од продажбата на услугите во четвртото тримесечје од 2019 година е повисок во споредба со истиот квартал во 2018 за 2,7 проценти, соопшти денеска Државниот завод за статистика. Во четвртото тримесечје лани, најголем пораст на прометот во услугите во однос на последните три месеци од 2018 година има кај услугите од научно истражување и развој за 22,2 отсто, како и кај ветеринарните дејности за 19,2 процента.

Најголемо намалување од 13,7 отсто е забележано во филмската дејност, продукцијата на видео и телевизиска програма и дејностите на снимање звучни записи и музичко издаваштво.