December 1, 2022 18:19
Економија Македонија

Зголемен прометот во трговијата на мало со автомобилски горива

Во трговијата на мало во август 2022 година, во споредба со август 2021 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано кај Трговија на мало со автомобилски горива, номинално за 63 отсто, а реално за 22,3 проценти.

Според Државниот завод за статистика, во групите Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун прометот е номинално зголемен за 15,1 отсто, а реално е намален за 4,4 проценти, Трговија на мало, освен трговија со горива прометот е номинално зголемен за 9,6 отсто, а реално е намален за 3 отсто.

Во Трговијата на мало со непрехранбени продукти прометот е номинално зголемен за 4,3, а реално намален за 1,5 отсто.