June 13, 2021 17:27
Економија

Зголемен прометот во индустријата во првите четири месеци од годинава

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во април 2021 година, во однос на истиот месец лани, изнесува 209. Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во април 2021 година, во однос на април 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 67,3 проценти, Капитални производи за 359,5  проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 103,5  проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 34,6 проценти.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, прометот во индустријата, вкупно, во април 2021 година, во однос на март 2021 година, е намален за 2,9 отсто, додека во периодот јануари – април 2021 година, во однос на периодот јануари – април 2020 година, е зголемен за 22 проценти.

Според податоците на ДЗС, прометот во индустријата на домашниот пазар, во април 2021 година, во однос на април 2020 година, бележи раст од 20,8 проценти.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во април 2021 година, во однос на април 2020 година, е пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 23,8  проценти, Капитални производи за 27,6  проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 71,3  проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 14,3 проценти.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во април 2021 година, во однос на март 2021 година,  се зголемил за  1,4 отсто, а зголемување за 2,4 отсто бележи во периодот јануари – април 2021 година, во однос на периодот јануари – април 2020 година.

Како што наведува статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во април 2021 година, во однос на април 2020 година, изнесува 262.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во април 2021 година, во однос на април 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 86,6  проценти, Капитални производи за 402,7 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 10,8 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 50,1 процент.

На странските пазари прометот во индустријата во април 2021 година, во однос на март 2021 година, е намален за 4,3 отсто, а во периодот јануари – април 2021 година, во однос на периодот јануари – април 2020 година, има раст од 27,1 отсто.

Watch anime online for free at ANIMEFLIX dubbed anime. Techno Police Episode Full

https://kissanime.mx watch anime dub. A Rule Of Dreams Episode Full

WCOStream Watch english anime Online in HD for FREE. KONOSUBA -God's blessing on this wonderful world!- Legend of Crimson (Dub) (https://wcostream.cc/m/j7Gw) Episode Full

KissAnime Spreaker: https://www.spreaker.com/user/14673222