September 23, 2019 18:17
Економија

Зголемени продажните цени на индустриските производи

Продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во јули годинава се повисоки за 0,4 отсто на месечно ниво, а за 2,3 проценти на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со јуни годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 2,3 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 0,2 и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,1 отсто.

Во споредба, пак, со минатогодишниот јули, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 9,0  отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,5 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 3,5 отсто.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари, пак, во јули годинава се повисоки за 1,1 отсто на месечно ниво, а за 3,0 проценти на годишно ниво.

Во споредба со јуни годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 3,1 отсто и во секторот Преработувачка индустрија за 0,9 отсто.

Во однос на јули 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 14. проценти, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 4,8 проценти.

Нови вести

Смилевска: Ребалансот на буџетот обезбедува над 25 милијарди денари повеќе за социјална политика, здравство и образование во однос на 2016

Igor

Југоисточниот регион со најголемо учество во бруто-додадена вредност во земјоделството

zane

„Ладен ланец” за повисок квалитет на млечните производи

zane