January 25, 2022 06:27
Македонија

Зголемени водостоите на Охридското и Преспанското Езеро

– За два сантиметра е зголемен водостојот на Охридското, а за еден на Преспанското Езеро, додека нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,67 метри повисок од просекот за ноември, додека нивоата на останатите две природи езера се пониски од просечните. Водостојот на Охридското Езеро е за 11 сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за овој период од годината и е пет сантиметри над дозволениот минимум 693,10 (мнм), а на Преспанското Езеро е за 1,63 метри понизок од просечниот и е 13 сантиметри под апсолутниот минимум 842,25 (мнм).

Нивоата на реките во земјава се во рамките на просекот и бележат зголемување во споредба со вчера. Најизразено зголемување на водостојот има Црна Река на мерното место кај Новаци, каде нивото е двојно повисоко во споредба со вчера.

watch subbed anime. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

watch anime My Hero Academia

4Anime Boruto: Naruto Next Generations Episode 218

Black Clover Episode 162

4Anime Your Lie in April Episode 15

To Your Eternity