June 24, 2021 14:30
Хроника

Звицер, шефот на Беливук, се крие во Јужна Америка со лажен македонски пасош?

Безбедносните служби на регионот, предводени од српски оперативци од Министерството за внатрешни работи и БИА, го лоцирале Радоје Звицер, наводниот водач на кавачкиот клан во една од земјите во Јужна Америка.

Како што дознава „Новости“, тој постојано го менува своето место на живеење, па дури и земјите од овој дел на светот, за да избега од потерата, но полицијата практично му дише во врат.

Информациите се разменуваат дење и ноќе преку националните бироа на Интерпол, откако Србија издаде меѓународна „црвена потерница“ за мафијашот од Котор, а во меѓувреме и Црна Гора се вклучи во потрагата по него.

– Тој користи лажни документи за да се движи низ Латинска Америка, но го чуваат и тамошни нарко босови. Според информациите што ги имаме, има фалсификувани документи од Северна Македонија, Хрватска и Украина. Без оглед на поврзаноста со кокаинските картели, неговото апсење е прашање на денови, наведува изворот на „Новости“.

Звицер е, според оперативните информации на европската полиција, еден од главните снабдувачи на кокаин на Стариот континент. Ланецот шверцери што тој го предводи е еден од највештиот и до неодамна, благодарение на врските во одредени полициски сили, најзаштитениот.

Истрагата што беше покрената во Србија против криминалната група на Вељко Беливук и Марко Миљковиќ дојде до сознание дека тие биле дел од овој шверцерски ланец, а нивниот водач е токму Звицер. Тие не само што тргуваа со наркотици, туку и по наредба на Звицер убиваа ривали.

– Некои од најмонструозните злосторства беа извршени по директна наредба на Радоје Звицер. Со цел да ја покажат неговата лојалност, тие организираа и извршија бројни ликвидации во регионот, но и низ цела Европа. Особено монструозен е начинот на кој ги отстраниле доказите во куќата на смртта во Ритопек, вели изворот на „Новости“.

Полицијата неодамна пронајде арсенал оружје во куќичка во близина на Белград, како и индустриска машина за мелење месо и коски. Експертиза идентификувала човечки биолошки траги во неа. Пронајдени се и алатки, како и гумени одела и обувки, кои членовите на групата ги користеле за да се ослободат од телата на нивните жртви.

Во меѓувреме,  истрагата на ОЈО покажала дека двајца припадници на црногорскиот шкаљарски клан, кои биле дел од групата од 214 странци кои добиле фалсификувани македонски пасоши во аферата „Двојник“ биле убиени во Атина од припадниците на ривалскиот кавачки клан. Во јануари 2020-тата во Грција се убиени Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ со потекло од Црна Гора. Двајцата биле обвинети за повеќе убиства, трговија со луѓе и дрога.

Но си купиле македонски пасоши, едниот во декември 2017-та, вториот летото 2018-та. Со украден идентитет поминувале граница, а биле убиени заедно во Атина во ресторан пред своите жени и деца. Идентитетот им е докажан преку отпечатоци на прсти од црногорски документи и истраги кои биле исти со отпечатоците во македонските пасоши со идентитет на македонските државјани Горан Тасевски и Емил Филипов.

И при обидот за убиство на Звицер лани во Украина, во Киев, еден од тројцата напаѓачи-шкаљарци, имаше лажен македонски пасош.

Поврзани вести

Пет нови случаи на Ковид-19, еден починат и осум оздравени

Igor

Рама: Се надевам нема да побараат да се викате „Западна Бугарија“

Igor

Ахмети: Прашање на време е променaта на химната, со Заев преговараме и за грбот и знамето

Igor

AnimeDao animedao weathering with you: Watch Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation (Dub) Episode 4

WCOStream wcostream amazing world of gumball: That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 (Dub) Episode 8