December 17, 2018 06:32
Спорт

Зверев го победи Иснер за полуфинале против Федерер во Лондон

Германскиот тенисер, Александар Зверев денеска го победи Американецот Џон Иснер со 2:0 (7:6, 6:3) и се пласираше во полуфиналето на финалниот АТП турнир во Лондон. Таму го очекува дуел со Швајцарецот Роџер Федерер.
По големата битка на двајца тенисери со одличен сервис, Зверев излезе како победник. Тој имаше поголема концентрација во решавачките моменти и го совлада ривалот, кој веќе по првиот загубен сет ги загуби шансите да се квалификува во полуфиналето.
Двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, а единствената брејк, и воедно сет топка во првиот сет, беше во 12-от гем, која Иснер не успеа да ја искористи. Сетот беше подоцна решен во тај-брејк, а Германецот беше посигурен и го доби со 7:5.
Слична слика беше и во вториот сет, но решавачкиот момент се случи во осмиот гем. Зверев го нападна сервисот на противникот и ја освои единствената брејк шанса во мечот. Потоа беше сигурен на свој сервис и стави точка на овој натпревар со 6:3 во вториот сет.
Во вечерашниот натпревар се среќаваат Новак Ѓоковиќ и Марин Чилиќ, но двајцата ќе играат за престиж бидејќи Србинот веќе обезбеди полуфинале против Јужноафриканецот Кевин Андерсон.

Related posts

Зверев преку Чориќ до дуел со Карењо Буста

24info

Барселона се откажа од меч во Мајами поради строгите санкции на УЕФА и ФИФА

Filip

Кемба Вокер нанижа 103 поени на два меча, нов пораз на „Денвер“

Igor