Економија

За 5,9 отсто зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи

Во првото тримесечје од 2019 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 5,9 отсто во однос на истиот период лани. Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 12,5 проценти, а кај продажбата од сопствено производство има намалување од 8,9 отсто.

Според Државниот завод за статистика, зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај: житата, индустриските растенија, градинарските растенија, овошјето, млекото и рибата, а намалување кај фуражните растенија, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата и млечните производи.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува зголемување вофевруари, додека во јануари и март е забележано намалување на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи.

Нови вести

Грантови на Фондот за Западен Балкан за четири невладини организации од земјава

Daniela

„Ауди“ нема да произведува одредени спортски модели, инвестира 14 милијарди евра во е-возила

Igor

Во март 67,7 отсто од потрошената струја од домашни извори

Igor