December 3, 2022 09:40
Свет

За 27 насто зголемена продажбата авиобилети од Русија по објавената мобилизација

Бројот авиобилети во еден правец продадени во Русија се зголемил за 27 насто откако рускиот претседател Владимир Путин ја најави делумната мобилизација, според шпанската компанија „Forwardkeys” што ги анализира податоците за резервации на билети.

Во седмицата кога беше објавена мобилизацијата зголемувањето било за дури 73 проценти.

Некои дестинации како Тбилиси, Тел Авив, Истанбул, Алма Ата и Дубаи во неделата помеѓу 21 и 27 септември дури забележале троцифрен пораст на билетите во еден правец резервирани од Русија.

Шеесет проценти од билетите купени во седмицата на објавувањето мобилизација се со датум на полетување до 15 дена.

Мобилизацијата на резервистите резултираше илјадници военоспособни мажи да ја напуштат Русија.