November 25, 2020 15:40
Македонија

Евидентирани 640 новозаразени од кронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа воздржано за рестриктивните мерки

Пандемијата предизвикана од коронавирусот катаденевно создава проблеми со рекордни новозаболени лица ширум светот. И Македонија брои големи бројки на новозаразени. Денеска се евидентирани 640 лица во земјава со позитивен тест на коронавирусот. Здравствено-безбедносните власти кои ги подготвуваат протоколите за да му се застане на патот на вирусот препорачаа, Владата прифати, но мора Собранието да направи законски измени за да можат да стапат во сила построги мерки кои треба да го зауздаат масовното ширење на вирусот.

Опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ не ја прифати брзата реакција. Координаторот на опозициската пратеничка група од ВМРО ДПМНЕ Никола Мицевски, денеска соопшти дека сепак ќе присуствуаат на собраниската седница на која ќе се расправа за измени на Законот за заштита на населението од заразни болести со кои треба да бидат донесени нови рестриктивни мерки во борбата со пандемијата. Според координаторот опозициските пратеници ќе се појават во собраниската сала да направат кворум, но при гласањето ќе бидат воздржани за предложените измени во Законот за заштита на населението од заразни болести.

Со усвојувањето на предложените измени ќе бидат забранети јавни собири по 22.00 часот, семејни прослави со број на гости поголем од четири луѓе и задолжитечно носење на заштитни маски на отворено.

– Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат на седницата, ќе направат кворум, ама ќе гласаат воздржано, затоа што повторно не наидовме на добра волја од страна на Владата и на Министерството за здраство за одредени мерки, изјави Мицевски.